Јован
11 Еден човек, по име Лазар, беше болен. Беше од Витанија, од селото на Марија и нејзината сестра Марта.+ 2 Тоа беше онаа Марија која го намачка Господарот со мирисливо масло+ и му ги избриша нозете со својата коса.+ Нејзиниот брат Лазар беше болен. 3 Затоа неговите сестри му порачаа на Исус: „Господару, ете, твојот сакан пријател+ е болен“. 4 Кога Исус го чу тоа, рече: „Оваа болест не е за умирање, туку за слава Божја,+ за да се прослави Синот Божји преку неа“.
5 А Исус ги сакаше Марта и нејзината сестра и Лазар. 6 Но кога чу дека тој е болен, остана уште два дена во местото каде што беше. 7 А потоа им рече на учениците: „Да појдеме пак во Јудеја!“ 8 А учениците го прашаа: „Учителе,*+ Јудејците штотуку сакаа да те каменуваат.+ Зар пак ќе одиш таму?“ 9 Исус одговори: „Нели дневната светлина трае дванаесет часа? Ако некој оди по ден,+ не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет. 10 Но, ако некој оди ноќе,+ се сопнува, зашто нема светлина во него“.
11 Тоа го кажа, а потоа додаде: „Нашиот пријател Лазар заспа, но јас одам да го разбудам“.+ 12 Тогаш учениците му рекоа: „Господару, ако спие, ќе оздрави“. 13 Но Исус зборуваше за неговата смрт, а тие си мислеа дека зборува за спиењето, за сонот. 14 Тогаш Исус отворено им рече: „Лазар умре.+ 15 Се радувам заради вас што не бев таму, за да верувате. Но, ајде да појдеме кај него!“ 16 Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на останатите ученици: „Да појдеме и ние, да умреме со него!“+
17 Кога Исус стигна, му рекоа дека Лазар веќе четири дена е во гробот.+ 18 А Витанија беше близу до Ерусалим, оддалечена околу петнаесет стадии.* 19 И многу Евреи веќе беа дојдени кај Марта и Марија за да ги утешат+ за нивниот брат. 20 Кога чу дека доаѓа Исус, Марта му излезе во пресрет, а Марија+ остана дома. 21 Марта му рече на Исус: „Господару, да беше ти овде, брат ми немаше да умре.+ 22 Но и сега знам дека Бог ќе ти даде сѐ што ќе побараш од него“.+ 23 Тогаш Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе стане“.+ 24 Марта му одговори: „Знам дека ќе стане при воскресението+ во последниот ден“. 25 Тогаш Исус ѝ рече: „Јас сум воскресението и животот.+ Кој верува во мене, и да умре, ќе оживее.+ 26 И секој што живее и верува во мене, никогаш нема да умре.+ Веруваш ли во тоа?“ 27 Таа му одговори: „Да, Господару, јас верувам дека ти си Христос,* Синот Божји, оној што треба да дојде во светов“.+ 28 Кога го рече тоа, отиде и ја викна својата сестра Марија, велејќи ѝ кришум: „Учителот+ е овде и те вика“. 29 Штом го чу тоа, таа бргу стана и тргна кон него.
30 Исус, всушност, уште не беше дојден во селото, туку сѐ уште беше на местото каде што го сретна Марта. 31 Кога Евреите, кои беа со Марија во куќата+ и ја тешеа, видоа дека бргу стана и излезе, тргнаа по неа, мислејќи дека оди на гробот+ за да плаче таму. 32 А кога Марија дојде таму каде што беше Исус и кога го здогледа, му се фрли пред нозете и му рече: „Господару, да беше ти овде, брат ми немаше да умре“.+ 33 Кога Исус виде како плачат таа и Евреите што дојдоа со неа, беше длабоко трогнат и потресен.*+ 34 И праша: „Каде сте го положиле?“ Тие му одговорија: „Господару, дојди и види!“ 35 И Исус почна да рони солзи.+ 36 Тогаш Евреите рекоа: „Гледајте колку го сакал!“+ 37 А некои од нив рекоа: „Не можеше ли овој, кој му ги отвори очите+ на слепиот, да ја спречи неговата смрт?“
38 Тогаш Исус, повторно длабоко потресен, отиде до гробот.+ Тоа, всушност, беше пештера, а на отворот лежеше камен.+ 39 И Исус заповеда: „Тргнете го каменот!“+ А Марта, сестрата на умрениот, му рече: „Господару, сега веќе сигурно мириса, бидејќи има четири дена откако умре“. 40 А Исус ѝ рече: „Зарем не ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава?“+ 41 Тогаш го тргнаа каменот. А Исус ги подигна очите кон небото+ и рече: „Татко, ти благодарам што ме услиши.+ 42 Јас знаев дека секогаш ме услишуваш, но ова го реков заради народот+ што стои овде, за да верува дека ти ме испрати“.+ 43 И откако го рече тоа, извика на сет глас: „Лазаре, излези!“+ 44 И умрениот излезе. Нозете и рацете му беа завиткани со завои,+ а лицето му беше завиткано со платно. Тогаш Исус им рече: „Одвиткајте го и пуштете го да оди!“
45 Така мнозина од Евреите, кои беа дојдени кај Марија и видоа што направи тој, поверуваа во него.+ 46 Но некои од нив отидоа кај фарисеите и им раскажаа што направи Исус.+ 47 Затоа главните свештеници и фарисеите го свикаа Судскиот совет*+ и рекоа: „Што да правиме? Овој човек прави многу чуда!+ 48 Ако го оставиме така, сите ќе поверуваат во него,+ па ќе дојдат Римјаните+ и ќе ни ги земат и нашиот храм+ и нашиот народ“. 49 Но еден од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник,+ им рече: „Вие ништо не знаете 50 и не сфаќате дека е подобро за вас да умре еден човек за народот,+ отколку целиот народ да страда“.+ 51 Меѓутоа, тоа не го рече сам од себе. Туку, бидејќи таа година беше првосвештеник, прорече дека Исус треба да умре за народот, 52 и не само за народот туку и за да ги собере во едно+ Божјите деца, кои се распрснати.+ 53 Така на тој ден се договорија да го убијат.+
54 Затоа Исус повеќе не се движеше јавно+ меѓу Евреите,+ туку замина оттаму во крајот близу до пустината, во градот кој се вика Ефрем,+ и таму остана со учениците. 55 А се приближуваше еврејската Пасха,+ и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасхата за обредно да се очистат.+ 56 И го бараа Исус и, додека беа во храмот, си зборуваа еден на друг: „Што мислите? Нема ли да дојде на празникот?“ 57 А главните свештеници и фарисеите издадоа заповед: секој што ќе дознае каде е Исус, мора да го јави тоа за да го фатат.