Матеј
25 Тогаш царството небесно ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилки+ и излегоа да го пречекаат младоженецот.+ 2 Пет од нив беа глупави,+ а пет разборити.+ 3 Глупавите ги зедоа светилките, но не понесоа со себе масло, 4 а разборитите, пак, заедно со светилките си понесоа и масло во садови. 5 Поради тоа што младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.+ 6 Точно на полноќ се чу викање:+ ‚Еве го младоженецот! Излезете да го пречекате!‘ 7 Тогаш сите тие девици станаа и ги подготвија своите светилки.+ 8 А глупавите им рекоа на разборитите: ‚Дајте ни од вашето масло,+ бидејќи нашите светилки само што не се изгаснале‘. 9 Разборитите+ одговорија: ‚Можеби ќе нема доволно и за нас и за вас. Подобро појдете кај продавачите и купете си‘. 10 Додека тие одеа да купат, стигна младоженецот. Девиците што беа подготвени влегоа со него на свадбата,+ и вратата се затвори. 11 Потоа дојдоа и останатите девици и рекоа: ‚Господине, господине, отвори ни!‘+ 12 А тој им одговори: ‚Ви ја зборувам вистината, не ве познавам‘.+
13 Затоа, бдејте,+ зашто не го знаете ниту денот ниту часот.+
14 Тоа е како кога еден човек,+ кој се готвеше да отпатува во туѓина,+ ги повика своите робови и им го довери својот имот.+ 15 На едниот му даде пет таланти,* на другиот два, на третиот, пак, еден, секому според неговата способност,+ и замина во туѓина. 16 А оној што доби пет таланти, веднаш замина и тргуваше со нив, па заработи уште пет.+ 17 Исто така, оној што доби два, заработи уште два. 18 А оној што доби само еден, отиде и ископа дупка во земјата и ги скри сребрените пари на својот господар.
19 По долго време+ дојде господарот на тие робови и почна да ги средува сметките со нив.+ 20 Така, оној што прими пет таланти пристапи и донесе уште пет таланти и рече: ‚Господару, ти ми довери пет таланти. Еве, јас заработив уште пет таланти‘.+ 21 А господарот му рече: ‚Одлично, добар и верен робу!+ Беше верен+ во малку и затоа ќе те поставам над многу.+ Радувај се+ со својот господар‘. 22 Потоа пристапи оној што прими два таланта и рече: ‚Господару, ти ми довери два таланта. Еве, јас заработив уште два таланта‘.+ 23 А господарот му рече: ‚Одлично, добар и верен робу! Беше верен во малку и затоа ќе те поставам над многу.+ Радувај се+ со својот господар‘.
24 На крајот пристапи оној што прими еден талант+ и рече: ‚Господару, знаев дека си тежок човек, дека жнееш таму каде што не си сеел и собираш таму каде што не си веел. 25 Затоа се уплашив,+ па отидов и го скрив твојот талант в земја. Еве ти го твоето‘. 26 Тогаш господарот му рече: ‚Зол и мрзлив робу, а знаеше дека жнеам таму каде што не сум сеел и собирам таму каде што не сум веел? 27 Тогаш, требаше да ги вложиш моите сребрени пари кај банкарите, и јас, по враќањето, ќе го добиев своето со камата.+
28 Затоа, земете му го талантот и дајте му го на оној што има десет таланти!+ 29 Зашто, секому кој има, ќе му се даде уште, и ќе има во изобилство, а на оној што нема, ќе му се одземе и она што го има.+ 30 А бескорисниот роб исфрлете го надвор во темнината! Таму ќе плаче и ќе чкрта со забите‘.+
31 Кога Синот човечки+ ќе пристигне во својата слава и сите ангели со него,+ тогаш ќе седне на својот славен престол.+ 32 И сите народи ќе се соберат пред него,+ и тој ќе ги одвои+ луѓето едни од други,+ како што пастирот ги одвојува овците од јарците. 33 Ќе ги постави овците од својата десна страна,+ а јарците од левата.+
34 Тогаш царот ќе им рече на оние што ќе му бидат оддесно: ‚Дојдете, благословени од мојот Татко,+ наследете го+ царството+ кое е подготвено за вас од настанувањето на светот.+ 35 Зашто, огладнев, и ми дадовте да јадам,+ ожеднев, и ми дадовте да пијам, бев странец, и ме нагостивте,+ 36 бев гол,+ и ме облековте, се разболев, и се грижевте за мене, бев в затвор,+ и дојдовте кај мене‘. 37 Тогаш праведниците ќе му одговорат: ‚Господару, кога сме те виделе гладен и сме те нахраниле, или жеден+ и сме ти дале да пиеш?+ 38 Кога сме те виделе како странец и сме те нагостиле, или гол и сме те облекле? 39 Кога сме те виделе болен или в затвор и сме дошле кај тебе?‘ 40 А царот+ ќе им одговори: ‚Вистина, ви велам, сѐ што сте му направиле на еден од овие мои најмали+ браќа,+ мене сте ми го направиле‘.+
41 Потоа ќе им рече и на оние од својата лева страна: ‚Бегајте од мене,+ проклети, во вечниот оган+ подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели!+ 42 Зашто, огладнев, но не ми дадовте да јадам,+ ожеднев,+ но не ми дадовте да пијам, 43 бев странец, но не ме нагостивте, гол, но не ме облековте,+ болен и в затвор,+ но не се грижевте за мене‘. 44 Тогаш и тие ќе му одговорат: ‚Господару, кога сме те виделе гладен или жеден или како странец или гол или болен или в затвор, и не сме те послужиле?‘ 45 Тогаш тој ќе им одговори: ‚Вистина, ви велам, сѐ што не сте му направиле на еден од овие најмали,+ ни мене не сте ми го направиле‘.+ 46 И овие ќе отидат во вечна смрт,+ а праведниците во вечен живот“.+