Матеј
28 По саботата,* кога се раздени на првиот ден од седмицата, Марија Магдалена и другата Марија дојдоа да го видат гробот.+
2 И гледај, се случи голем земјотрес, бидејќи Јеховин ангел слезе од небото, се приближи кон гробот и го отркала каменот, па седна на него.+ 3 Изгледаше како молња,+ а облеката му беше бела како снег.+ 4 Пред него стражарите се стресоа од страв и се вкочанија како мртовци.
5 А ангелот+ им рече на жените: „Не плашете се, зашто знам дека го барате Исус,+ кој беше прикован на столб.* 6 Не е овде, бидејќи воскресна,+ како што рече. Дојдете, видете го местото каде што лежеше. 7 Одете бргу и кажете им на неговите ученици дека стана од мртвите.+ И ете, тој оди пред вас во Галилеја.+ Таму ќе го видите. Еве, ви кажав“.+
8 Тогаш брзо си заминаа од гробот, па со страв и со голема радост отрчаа за да ги известат неговите ученици.+ 9 И гледај, Исус ги пресретна и рече: „Здраво!“ А тие му пристапија и го фатија за нозете и му се поклонија. 10 Тогаш Исус им рече: „Не плашете се! Одете, кажете им на моите браќа+ да појдат во Галилеја. Таму ќе ме видат“.
11 Додека тие две заминуваа, гледај, некои од стражарите+ дојдоа во градот и ги известија главните свештеници за сѐ што се случи. 12 И кога се состанаа со старешините и се посоветуваа, им дадоа на војниците многу сребреници,+ 13 велејќи: „Кажете: ‚Неговите ученици+ дојдоа во ноќта и го украдоа додека ние спиевме‘. 14 А ако тоа дојде до ушите на управителот, ние ќе го смириме и сѐ ќе сториме за да бидете без грижа“. 15 И тие ги зедоа сребрениците и направија како што им беше кажано. Така оваа приказна се рашири меѓу Евреите и се задржа до денешен ден.
16 А единаесетте ученици отидоа во Галилеја+ на гората каде што ги упати Исус. 17 Кога го видоа, му се поклонија. Но некои се посомневаа.+ 18 А Исус им пријде и им рече: „Дадена ми е сета власт+ на небото и на земјата. 19 Затоа одете и правете ученици+ од луѓето од сите народи,+ крштавајќи+ ги во името на Таткото+ и на Синот+ и на светиот дух,+ 20 учејќи+ ги да држат+ сѐ што ви заповедав.+ И еве, јас сум со вас+ во сите денови до свршетокот на овој поредок“.*+