Матеј
7 Не судете,*+ за да не бидете судени. 2 Зашто, со каков суд судите, со таков ќе ви се суди.+ И со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери.+ 3 Тогаш, зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш?+ 4 Или, како можеш да му речеш на брата си: ‚Дај да ти ја извадам раската од окото‘, кога самиот имаш греда во своето око?+ 5 Лицемеру! Извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш добро ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си.
6 Не давајте им го на кучињата она што е свето+ и не фрлајте ги своите бисери пред свињи, за да не ги изгазат+ под нозете, па да се свртат и да ве растргнат.
7 Молете,+ и ќе ви се даде. Барајте, и ќе најдете. Чукајте, и ќе ви се отвори.+ 8 Зашто, секој што моли, добива.+ Секој што бара, наоѓа. И на секој што чука, ќе му се отвори. 9 Кој од вас, ако неговиот син+ го замоли за леб, ќе му даде камен? 10 Или, ако го замоли за риба, зар ќе му даде змија? 11 И така, ако вие, иако сте зли,+ знаете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе вашиот Татко кој е на небесата ќе им даде добри работи+ на оние што го молат?
12 Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним.+ Тоа е смислата на Законот и Пророците.+
13 Влезете низ тесната врата.+ Зашто, широк и простран е патот што води во пропаст, и мнозина одат по него. 14 А тесна е вратата и тесен е патот што води во живот, и малцина го наоѓаат.+
15 Пазете се од лажните пророци,+ кои доаѓаат кај вас во овчо руно,+ а однатре се крвожедни волци.+ 16 По нивните плодови ќе ги препознаете.+ Зарем се бере грозје од трње или смокви од чичка?+ 17 Така, секое добро дрво дава добар плод, а секое гнило дрво дава безвреден плод.+ 18 Добро дрво не може да даде безвреден плод, ниту, пак, може гнило дрво да даде добар плод. 19 Секое дрво кое не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.+ 20 И така, по нивните плодови ќе ги препознаете.+
21 Не секој што ми вели: ‚Господару, Господару‘,* ќе влезе во небесното царство, туку оној што ја врши+ волјата на мојот Татко, кој е на небесата.+ 22 Мнозина ќе ми речат во оној ден: ‚Господару, Господару,+ не пророкувавме ли во твое име, и не истерувавме ли демони во твое име, и не правевме ли многубројни моќни дела* во твое име?‘+ 23 Тогаш ќе им речам: Никогаш не сум ве познавал!+ Бегајте од мене, вие што правите беззаконија!+
24 Затоа, секој што ги слуша овие мои зборови и ги извршува, ќе биде како разборит човек, кој си ја изградил куќата на карпа.+ 25 И заврна силен дожд, и надојдоа порои, и дувнаа ветрови и удрија на таа куќа, но таа не падна, зашто темелот ѝ беше на карпа. 26 А секој што ги слуша овие мои зборови, а не ги извршува,+ ќе биде како безумен човек,+ кој си ја изградил куќата на песок. 27 И заврна силен дожд, и надојдоа порои, и дувнаа ветрови и удрија на таа куќа,+ и таа падна и сосема се распадна“.+
28 А кога Исус го заврши својот говор, мноштвата беа восхитени од неговото поучување,+ 29 зашто ги поучуваше како некој зад чии зборови стои Бог,+ а не како нивните книжници.