1. Мојсеева
2 Така беа довршени небото и земјата и сѐ што е на нив.*+ 2 До седмиот ден Бог го доврши своето дело што го беше направил, и во седмиот ден почна да почива од сето свое дело што го беше направил.+ 3 И Бог го благослови седмиот ден и го посвети, зашто во тој ден си отпочина од сето свое дело. Така Бог го создаде сето она што беше наумил да го направи.+
4 Ова е историјата на создавањето на небото и на земјата во денот кога Јехова* Бог ги направи земјата и небото.+
5 А на земјата уште немаше никакви полски грмушки и уште не беа никнале никакви полски растенија, бидејќи Јехова Бог уште не беше пуштил дожд+ на земјата и немаше човек за да ја обработува земјата. 6 Но, од земјата се креваше магла,+ која ја наводнуваше целата површина на копното.+
7 Тогаш Јехова Бог го направи човекот од земниот+ прав+ и му дувна во носниците здив на животот,+ и човекот стана жива душа.+ 8 Јехова Бог насади и градина во Еден,+ кон исток, и таму го смести човекот што го беше направил.+ 9 Така Јехова Бог направи да никнат од земјата секакви дрвја привлечни за гледање и добри за јадење, како и дрвото на животот+ среде градината и дрвото на спознанието на доброто и злото.+
10 А од Еден истекуваше река што ја наводнуваше градината, и таа оттаму се делеше на четири ракави. 11 Првиот се вика Фисон — тој тече околу целата земја Авила,+ каде што има злато. 12 А златото од таа земја е добро.+ Таму има и смола од бделиум*+ и камен оникс.+ 13 Втората река се вика Гион — таа тече околу целата земја Хус. 14 Третата река се вика Хидекел*+ — таа тече источно од Асирија.+ А четвртата река е Еуфрат.+
15 И Јехова Бог го зеде човекот и го смести во градината Еден+ за да ја обработува и да се грижи за неа.+ 16 Тогаш Јехова Бог му заповеда на човекот: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш до ситост.+ 17 А од дрвото на спознанието на доброто и злото не смееш да јадеш, зашто во оној ден кога ќе каснеш од него, сигурно ќе умреш“.+
18 Потоа Јехова Бог рече: „Не е добро човекот да биде сам. Ќе му направам помошничка, како негово дополнение“.+ 19 А Јехова Бог ги создаваше* од земја сите полски диви животни и сите небесни суштества што летаат и ги доведуваше пред човекот за да види како ќе го нарече секое суштество. И како што човекот ќе го наречеше секое од нив, секоја жива душа,+ така му беше името.+ 20 И човекот им даде имиња на сите домашни животни и на сите небесни суштества што летаат и на сите полски диви животни, но за човекот не се најде помошничка како негово дополнение. 21 Затоа Јехова Бог пушти длабок сон+ врз човекот и, додека тој спиеше, му зеде едно ребро, а местото го затвори со месо. 22 Од реброто што го зеде од човекот, Јехова Бог направи жена и му ја доведе на човекот.+
23 Тогаш човекот рече:
„Најпосле, еве коска од моите коски
и месо од моето месо.+
Нека се вика Жена*
зашто од мажот е земена!“+
24 Затоа човек ќе ги остави татка си и мајка си+ и ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело.+ 25 А обајцата беа голи,+ мажот и неговата жена, но не се срамеа.+