Јаков
1 Јаков,+ роб+ на Бог и на Господарот* Исус Христос, ги поздравува дванаесетте племиња,+ кои се расеани+ по светот.
2 Сметајте дека навистина имате за што да се радувате, браќа мои, кога ќе се најдете во разни искушенија,+ 3 знаејќи дека искушувањето на вашата вера* во вас гради истрајност.+ 4 А истрајноста нека го доврши своето дело за да бидете совршени+ и потполни, без никаков недостаток.+
5 И ако некому од вас му недостига мудрост,+ нека бара од Бог,+ зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување,+ и ќе му ја даде.+ 6 Но нека бара+ со вера, не сомневајќи се ни најмалку,+ зашто оној што се сомнева е како морски бран кого ветрот го носи и го тера ваму-таму.+ 7 Таквиот нека не мисли дека ќе добие нешто од Јехова.+ 8 Таквиот човек е неодлучен,+ непостојан+ на сите свои патишта.
9 Сиромашниот брат нека се радува што е возвишен,+ 10 а богатиот+ што е понижен, бидејќи поминува како полски цвет.+ 11 Зашто, сонцето излегува и пече и ги суши растенијата, па нивниот цвет отпаѓа и нивната убавина исчезнува. Така и богатиот ќе овене на своите патишта.+
12 Среќен е човекот што истрајува во искушението+ бидејќи, откако ќе биде искушан, ќе ја прими наградата* — животот,+ кој Јехова им го вети на оние што го сакаат.+ 13 Никој, кога ќе се најде во искушение,+ нека не вели: „Бог ме искушува“. Зашто, Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло. 14 Туку секого го искушува неговата желба, така што го привлекува и го мами.+ 15 Потоа желбата, кога ќе зачне, раѓа грев,+ а гревот, кога е направен, донесува смрт.+
16 Не залажувајте се,+ браќа мои сакани. 17 Секој добар дар+ и секој совршен подарок е одозгора,+ зашто слегува од Таткото на небесните светла,+ а тој не се менува, не е како непостојана сенка.*+ 18 По своја волја+ нѐ родил преку речта на вистината+ за да бидеме и ние првини+ меѓу неговите суштества.
19 Ова знајте го, браќа мои сакани. Секој човек треба да биде брз на слушање, а бавен на зборување+ и бавен на гнев,+ 20 зашто човековиот гнев не ја донесува праведноста+ што ја бара Бог. 21 Затоа, отфрлете ја сета валканост и злоба,+ таа непожелна особина, и со благост прифатете да се всади во вас Божјата реч,+ која може да ви ги спаси душите.+
22 Но немојте само да ја слушате речта, туку и извршувајте ја,+ за да не се залажувате самите себе.+ 23 Зашто, ако некој ја слуша речта, а не ја извршува,+ тој е како човек кој го гледа своето лице во огледало, 24 но откако ќе се погледне, си оди и веднаш заборава каков е. 25 А оној што ќе се задлабочи во совршениот закон+ на слободата и ќе се прилепи до него, и не е заборавлив слушател, туку извршител на речта,+ ќе биде среќен+ што ја врши.
26 Ако некој мисли дека го почитува Бог на исправен начин,*+ а не го зауздува својот јазик,+ туку го мами своето срце,+ неговото почитување е залудно.+ 27 Почитувањето* кое е чисто+ и неизвалкано+ пред нашиот Бог и Татко е ова: да се грижиш за сираците+ и за вдовиците+ во нивната неволја+ и да се чуваш од валканоста+ на овој свет.+