Откровение
20 И видов еден ангел како слегува од небото со клучот од бездната+ и со голем синџир во раката. 2 И го фати змејот,+ празмијата,+ кој е Ѓавол+ и Сатана,+ и го врза за илјада години. 3 И го фрли во бездната,+ која ја заклучи и ја запечати над него, за да не ги заведува повеќе народите додека не завршат тие илјада години. Потоа треба да биде одврзан за кратко време.+
4 И видов престоли.+ На оние што седеа на нив им беше дадено да судат.+ Ги видов душите на оние што беа погубени* затоа што сведочеа за Исус и зборуваа за Бог, оние што не му се поклонија* ниту на ѕверот+ ниту на неговиот кип+ и не примија жиг на челото, ниту на раката.+ И оживеаја и царуваа+ со Христос илјада години. 5 (Останатите мртви+ не оживеаја сѐ додека не завршија тие илјада години.)+ Ова е првото воскресение.+ 6 Среќен е+ и свет+ секој што има удел во првото воскресение. Над нив втората смрт+ нема власт,+ туку ќе бидат свештеници+ на Бог и на Христос, и ќе царуваат со Христос илјада години.+
7 А штом ќе завршат тие илјада години, Сатана ќе биде пуштен од својот затвор. 8 И ќе излезе да ги заведува народите од четирите краишта на земјата, Гог и Магог, за да ги собере за војна. Нивниот број ќе биде како морскиот песок.+ 9 И видов како напредуваа по ширината на земјата и го опколија логорот на светите+ и саканиот град.+ Но оган слезе од небото и ги проголта.+ 10 А Ѓаволот,+ кој ги заведуваше, беше фрлен во езерото огнено и сулфурно, каде што веќе се наоѓаа и ѕверот+ и лажниот пророк.+ И тие ќе бидат мачени дење и ноќе во сета вечност.
11 И видов еден голем бел престол и оној што седи на него.+ Пред него побегнаа земјата и небото,+ и за нив не се најде повеќе место. 12 И ги видов мртвите, големите и малите,+ како стојат пред престолот, и свитоци се отворија. А се отвори и еден друг свиток — свитокот на животот.+ И мртвите беа судени според нивните дела на темел на она што е напишано во свитоците.+ 13 И морето ги предаде мртвите што беа во него, и смртта и гробот* ги предадоа мртвите+ што беа во нив. И секому му беше судено според неговите дела.+ 14 А смртта+ и гробот* беа фрлени во огненото езеро. Тоа огнено езеро+ ја претставува втората смрт.+ 15 И секој што не се најде запишан во книгата на животот,+ беше фрлен во огненото езеро.+