1. Мојсеева
3 А змијата+ беше најпретпазлива+ од сите диви полски животни што ги беше направил Јехова Бог.+ Затоа ѝ рече на жената:+ „Навистина ли рекол Бог дека не смеете да јадете од секое дрво во градината?“+ 2 А жената ѝ одговори на змијата: „Од плодовите на дрвјата во градината смееме да јадеме.+ 3 Но, за плодот од дрвото што е среде градината,+ Бог рече: ‚Не јадете од него и не допирајте го за да не умрете!‘ “+ 4 Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, вие нема да умрете.+ 5 Зашто Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како Бог и ќе знаете што е добро, а што зло“.+
6 Тогаш жената виде дека плодот на дрвото е добар за јадење, примамлив за очите и пожелен за гледање,+ па скина плод и касна од него. Потоа му даде од плодот и на својот маж, кога беше со неа, па и тој јадеше.+ 7 Тогаш на двајцата им се отворија очите и забележаа дека се голи.+ Затоа сплетоа смоквини лисја и си направија покривала со кои си ги препашаа колковите.+
8 Подоцна, кога мажот и неговата жена го слушнаа гласот на Јехова Бог, кој одеше низ градината кога дувкаше дневниот ветрец,+ се скрија од лицето на Јехова Бог меѓу дрвјата во градината.+ 9 Јехова Бог го повикуваше човекот, велејќи му: „Каде си?“+ 10 Најпосле тој му одговори: „Го чув твојот глас во градината, но се исплашив бидејќи сум гол, па се скрив“.+ 11 А тој му рече: „Кој ти кажа дека си гол?+ Да не си јал од дрвото од кое ти забранив да јадеш?“+ 12 А човекот одговори: „Жената што ми ја даде да биде со мене, таа ми даде плод од дрвото, па јадев“.+ 13 Тогаш Јехова Бог ја праша жената: „Што си направила?“ А жената одговори: „Змијата ме измами, па јадев“.+
14 Тогаш Јехова Бог ѝ рече на змијата:+ „Затоа што го направи ова, проклета да си меѓу сите домашни животни и меѓу сите диви полски животни! Ќе ползиш на мевот и ќе јадеш прав во сите денови на својот живот.+ 15 А јас+ ќе ставам непријателство+ помеѓу тебе+ и жената,+ и помеѓу твоето потомство+ и нејзиното потомство.*+ Тој+ ќе ти+ ја смачка главата,+ а ти+ ќе го+ раниш во петицата“.+
16 На жената ѝ рече: „Мошне ќе ги умножам маките на твојата бременост,+ во болки ќе раѓаш деца.+ Ќе копнееш по својот маж, а тој ќе господари над тебе“.+
17 А на Адам му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена и јадеше од дрвото за кое ти заповедав:+ ‚Не смееш да јадеш од него‘, земјата да е проклета поради тебе.+ Со мака ќе се храниш од неа во сите денови на својот живот.+ 18 Трње и троскот* ќе ти раѓа,+ а ти ќе јадеш полски растенија. 19 Во потта на своето лице ќе го јадеш својот леб додека не се вратиш во земјата, бидејќи од неа си земен.+ Зашто си прав, и во прав ќе се вратиш“.+
20 Потоа Адам на својата жена ѝ го даде името Ева,*+ зашто таа требаше да им стане мајка на сите живи.+ 21 И Јехова Бог им направи долги облеки од кожа на Адам и на неговата жена, па ги облече во нив.+ 22 Потоа Јехова Бог рече: „Еве, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро, а што зло.+ А сега, за да не посегне со раката и да земе плод и од дрвото на животот,+ па да јаде и да живее вечно...“ 23 Затоа Јехова Бог го истера од градината Еден+ за да ја обработува земјата од која беше земен.+ 24 И така го истера човекот, а на источниот крај од еденската градина+ постави херувими*+ и меч со пламено сечило, кој се вртеше постојано и го чуваше патот кон дрвото на животот.