Лука
21 Исус погледна и виде како богаташите ги пуштаат своите дарови во ковчежињата за прилози.+ 2 Тогаш здогледа една сиромашна вдовица како пушта во нив две парички.*+ 3 И рече: „Вистина, ви велам, оваа сиромашна вдовица пушти повеќе од сите нив.+ 4 Зашто, сите тие пуштија дарови од својот вишок, а оваа жена од својата немаштија пушти сѐ што имаше за живот“.+
5 А додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и со посветени дарови,+ 6 тој рече: „Ќе дојдат денови кога од сето ова што го гледате овде нема да биде оставен ниту камен на камен, сѐ ќе биде разурнато“.+ 7 Тогаш го прашаа: „Учителе, кога ќе биде тоа и што ќе биде знакот дека дошло времето да се случи тоа?“+ 8 А тој рече: „Чувајте се да не бидете заведени!+ Зашто, мнозина ќе дојдат во мое име и ќе велат: ‚Јас сум Христос‘ и ‚Се приближи времето‘.+ Немојте да одите по нив! 9 А кога ќе чуете за војни и немири, не плашете се!+ Зашто, тоа мора најпрво да се случи, но крајот нема да дојде веднаш“.
10 Потоа им рече: „Ќе се крене народ против народ+ и царство против царство.+ 11 И ќе има силни земјотреси, а на разни места ќе има смртоносни зарази и глад.+ Ќе има стравотии и големи знаци од небото.+
12 А пред сето тоа, ќе кренат рака на вас, ќе ве прогонуваат+ и ќе ве предаваат во синагогите и во затворите и ќе ве водат пред цареви и управители поради моето име.+ 13 Тоа ќе ви даде можност да сведочите.+ 14 Затоа, немојте однапред да смислувате што ќе речете во своја одбрана,+ 15 но јас ќе ви дадам зборови и мудрост на која сите ваши противници заедно не ќе можат да им се спротивстават, ниту ќе можат да ги оспорат.+ 16 А ќе ве предаваат дури и родителите,+ браќата, роднините и пријателите. Некои од вас ќе бидат и убиени.+ 17 И сите ќе ве мразат поради моето име.+ 18 Но нема да ви падне ниту влакно од главата.+ 19 Преку својата истрајност ќе ги добиете своите души.*+
20 А кога ќе го видите Ерусалим опколен+ од улогорени војски, тогаш знајте дека се приближило неговото опустошување!+ 21 Тогаш оние што ќе бидат во Јудеја, нека бегаат во планините! Оние што ќе бидат во градот, нека го напуштат, а оние што ќе бидат во селата, нека не влегуваат во градот!+ 22 Зашто, тоа се денови во кои ќе се изврши правдата, за да се исполни сето она што е напишано.+ 23 Тешко на бремените жени и на доилките во тие денови!+ Зашто, страшна неволја ќе ја снајде оваа земја и гнев ќе се излее врз овој народ. 24 Ќе паднат од сечилото на мечот и ќе бидат одведени во заробеништво меѓу сите народи.+ И Ерусалим ќе биде газен од незнабошците додека не се исполнат одредените времиња+ на незнабошците.
25 И ќе има знаци на сонцето,+ на месечината и на ѕвездите, а народите на земјата ќе ги обземе мака и чувство на немоќ поради бучавата на морето+ и брановите,+ 26 и тогаш луѓето ќе губат свест од страв+ и од исчекување на она што ќе го снајде светот,*+ зашто небесните сили ќе се затресат.+ 27 И тогаш ќе го видат Синот човечки+ како доаѓа во облак со сила и со голема слава.+ 28 А кога ќе почне да се случува сето тоа, исправете се и подигнете ги главите, бидејќи се приближува вашето избавување“.
29 Тогаш им раскажа една споредба: „Погледнете ја смоквата и сите други дрвја!+ 30 Кога ќе видите дека веќе распупиле, и сами знаете дека летото е близу.+ 31 Така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Божјето царство е близу!+ 32 Вистина, ви велам, ова поколение нема да помине додека не се случи сето тоа.+ 33 Небото и земјата ќе поминат,+ но моите зборови нема да поминат.+
34 Но внимавајте на себе вашите срца да не бидат оптоварени со прекумерно јадење и со опивање+ и да не се оптоварат со животните грижи,*+ па тој ден да ве затече и да ве изненади+ 35 како замка.+ Зашто, ќе дојде врз сите што живеат по целата земја.+ 36 Затоа бидете будни,+ сесрдно молејќи се за сето време,+ за да успеете да го избегнете сето ова што треба да се случи и да застанете пред Синот човечки“.+
37 Дење поучуваше во храмот,+ а ноќе излегуваше и престојуваше на гората која се вика Маслинска.+ 38 А целиот народ+ доаѓаше рано наутро кај него во храмот за да го слуша.