Евреите
11 Верата+ е цврста увереност дека ќе се случи она на кое се надеваме,+ доказ за она што е вистинско, иако не се гледа.+ 2 Зашто, поради неа луѓето од старо време примија сведоштво дека му се по волја на Бог.+
3 Со вера сфаќаме дека целиот свет*+ е подреден со Божјата реч,+ така што она што е видливо настанало од невидливото.+
4 Со вера Авел му принесе на Бог повредна жртва отколку Каин,+ и поради таа вера доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи+ дека ги прифаќа неговите дарови. И поради таа вера, иако е мртов, сѐ уште зборува.+
5 Со вера Енох+ беше пренесен за да не види смрт, и не можеше да се најде, бидејќи Бог го пренесе.+ А пред да биде пренесен, го прими сведоштвото дека му угодил на Бог.+ 6 А без вера+ не е можно да му се угоди на Бог,+ зашто оној што му пристапува мора да верува дека тој постои+ и дека ги наградува+ оние што ревносно го бараат.+
7 Со вера Ное+ — откако Бог го предупреди за она што сѐ уште не се гледаше+ — покажа дека се бои од Бог и изгради арка+ за спасение на својот дом. Со таа вера го осуди светот+ и стана наследник на праведноста,+ која доаѓа поради верата.
8 Со вера Авраам,+ кога беше повикан, послуша и отиде во крај кој требаше да го добие како наследство. Отиде не знаејќи каде оди.+ 9 Со вера се насели како дојденец во ветената земја како во туѓина+ и живееше во шатори+ со Исак+ и Јаков,+ сонаследници на истото ветување.+ 10 Зашто, очекуваше град+ со вистински темели, чиј градител и творец е Бог.+
11 Со вера и Сара+ доби моќ да зачне потомок, иако веќе ѝ беше поминато времето за раѓање,+ зашто го сметаше за верен оној што ѝ даде ветување.+ 12 Затоа од еден човек,+ кој беше премногу стар за да има деца,*+ се роди мноштво бројно како ѕвездите на небото, и неизбројно како песокот на морскиот брег.+
13 Сите овие умреа во вера,+ а не го добија она што им беше ветено,+ туку го видоа оддалеку+ и го поздравија, изјавувајќи дека се туѓинци и привремени жители во земјата во која живееја.+ 14 Зашто, оние што зборуваат така, докажуваат дека ревносно бараат татковина.+ 15 А да мислеа на онаа од која заминаа,+ уште би имале можност да се вратат таму.+ 16 Но сега тие тежнеат за подобра, односно за онаа што му припаѓа на небото.+ Затоа Бог не се срами од нив да го нарекуваат свој Бог+ — дури им подготви и град.+
17 Со вера Авраам, кога беше искушуван,+ го принесе Исак. Тој што ги прими ветувањата на кои се израдува, беше спремен да го принесе својот единороден син,+ 18 иако му беше речено: „Она што ќе се нарече ‚твое потомство‘ ќе дојде преку Исак“.+ 19 Но сметаше дека Бог може и од мртвите да го подигне.+ Оттаму и го доби, а тоа служи како споредба.+
20 Со вера и Исак ги благослови Јаков+ и Исав+ во врска со она што требаше да дојде.
21 Со вера Јаков, пред смртта,+ ги благослови двата сина на Јосиф+ и му се поклони на Бог* потпрен на врвот од својот стап.+
22 Со вера Јосиф, пред крајот на животот, го спомна излегувањето+ на Израеловите синови и им заповеда што да направат со неговите коски.+
23 Со вера родителите на Мојсеј, кога се роди, го криеја три месеци,+ зашто видоа дека детето е убаво+ и не се плашеа од царската наредба.+ 24 Со вера Мојсеј, кога порасна,+ одби да биде наречен син на фараоновата ќерка.+ 25 Повеќе сакаше да биде малтретиран заедно со Божјиот народ отколку да ужива во минливите грешни задоволства. 26 Го направи тоа затоа што срамот што го трпеше+ како помазаник* го сметаше за поголемо богатство од египетските ризници, зашто го насочи погледот кон наградата што ќе ја добие.+ 27 Со вера го остави Египет+ — но не го направи тоа затоа што се плашеше од царскиот гнев+ — бидејќи остана постојан како да го гледа Невидливиот.+ 28 Со вера ја прослави Пасхата+ и ги попрска вратите со крв,+ за погубителот да не ги допре нивните првородени.+
29 Со вера поминаа преку Црвеното Море како по суво,+ а кога Египќаните се обидоа да го сторат истото, се удавија.+
30 Со вера паднаа ѕидиштата на Ерихон откако седум дена се кружеше околу нив.+ 31 Со вера блудницата Раав+ не загина заедно со непокорните, зашто мирољубиво ги прими извидувачите.+
32 И што уште да кажам? Нема да имам доволно време ако почнам да раскажувам за Гедеон,+ Варак,+ Самсон,+ Јефтај,+ Давид,+ па за Самоил+ и за другите пророци,+ 33 кои со вера поразија царства,+ го направија она што е праведно,+ добија ветувања,+ затворија уста на лавови,+ 34 ја угаснаа силата на огнот,+ го избегнаа сечилото на мечот,+ беа зајакнати во слабоста,+ станаа смели во војна,+ растераа војски на туѓинци.+ 35 Жените ги добија своите мртви преку воскресение.+ А други беа мачени зашто не прифатија да бидат ослободени со некоја откупнина, затоа што сакаа да добијат подобро воскресение. 36 Други пак беа искушувани со исмејувања и камшикувања, па дури и со окови+ и затвори.+ 37 Беа каменувани,+ искушувани,+ препилени, убиени+ со меч, одеа во овчи и козји кожи,+ беа во немаштија,+ во неволја,+ беа малтретирани.+ 38 Светот не беше достоен за нив. Талкаа по пустини, планини, пештери+ и по земни јами.
39 А сите тие, поради својата вера, добија сведоштво дека му се по волја на Бог, но не го добија она што им беше ветено,+ 40 бидејќи Бог за нас+ подготви нешто подобро,+ за тие+ да не бидат направени совршени+ без нас.+