Откровение
7 Потоа видов четири ангели+ како стојат на четирите агли на земјата, цврсто држејќи ги четирите земни ветрови,+ за да не дува никаков ветар на земјата, ниту на морето, ниту на некакво дрво.+ 2 И видов друг ангел како влегува од исток+ и го има печатот на живиот Бог.+ И им викна на сет глас на четирите ангели на кои им беше дадено да им наштетат на земјата и на морето: 3 „Немојте да ѝ наштетите на земјата, ниту на морето, ниту на дрвјата, додека не ги обележиме со печат+ челата на робовите на нашиот Бог!“+
4 И го чув бројот на обележаните со печат — сто четириесет и четири илјади+ обележани со печат од секое племе+ на синовите на Израел:+
5 Од племето на Јуда+ дванаесет илјади обележани со печат,
од племето на Рувим+ дванаесет илјади,
од племето на Гад+ дванаесет илјади,
6 од племето на Асер+ дванаесет илјади,
од племето на Нефталим+ дванаесет илјади,
од племето на Манасија+ дванаесет илјади,
7 од племето на Симеон+ дванаесет илјади,
од племето на Леви+ дванаесет илјади,
од племето на Исахар+ дванаесет илјади,
8 од племето на Завулон+ дванаесет илјади,
од племето на Јосиф+ дванаесет илјади,
од племето на Венијамин+ дванаесет илјади обележани со печат.+
9 Потоа видов големо мноштво луѓе,+ кои никој не можеше да ги изброи, од сите народи+ и племиња и народности+ и јазици,+ како стојат пред престолот+ и пред Јагнето, облечени во бели долги облеки,+ со палмови гранки+ во рацете. 10 И викаа на сет глас: „Спасението му го должиме на својот Бог,+ кој седи на престолот,+ и на Јагнето!“+
11 И сите ангели+ стоеја околу престолот и околу старешините+ и четирите суштества,+ та паднаа ничкум пред престолот и му се поклонија на Бог,*+ 12 велејќи: „Амин!* Благослов и слава и мудрост и благодарност и чест и моќ+ и сила на нашиот Бог во сета вечност! Амин“.+
13 Тогаш еден од старешините+ ми рече: „Кои се и од каде дојдоа овие што се облечени во бели долги облеки?“+ 14 Му одговорив: „Господару мој, ти го знаеш тоа“. И ми рече: „Тоа се оние што доаѓаат од големата неволја.+ Ги испраа своите долги облеки и ги обелија+ во крвта+ на Јагнето. 15 Затоа се пред Божјиот престол+ и му служат*+ ден и ноќ во неговиот храм. И оној што седи на престолот+ ќе го распне својот шатор+ над нив. 16 Тие нема повеќе да гладуваат, ниту да жедуваат, нема да ги измачува сонцето, ниту некаква жега,+ 17 бидејќи Јагнето,+ кое е среде престолот, ќе ги пасе+ и ќе ги води на извори на води на животот.+ И Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи“.+