Ефешаните
4 Затоа јас, затвореник+ поради Господарот, сесрдно ве молам да водите живот достоен*+ на позивот со кој сте повикани,+ 2 со сета понизност+ и благост, со долготрпеливост,+ поднесувајќи се еден со друг со љубов,+ 3 вистински трудејќи се да го одржите единството на духот, во мирот кој ве поврзува.*+ 4 Едно е телото+ и еден е духот+ — како што е и една надежта+ на која сте повикани — 5 еден Господар,*+ една вера,+ едно крштавање,+ 6 еден Бог+ и Татко на сите, кој е над сите и во сите и дејствува преку сите.
7 А секому од нас му е покажана незаслужена доброта,+ толку колку што Христос му подарил.+ 8 Затоа е речено: „Кога се вознесе во висините, одведе заробеници, даде луѓе како дарови“.+ 9 А тоа што вели „се вознесе“,+ што друго значи освен дека најпрво слегол во долните краеви, на земјата?+ 10 Оној што слегол е истиот оној што и се вознел+ далеку над сите небеса,+ за да исполни сѐ.+
11 И даде некои да бидат апостоли,+ некои да бидат пророци,+ некои да бидат проповедници+ на добрата вест,* некои да бидат пастири и учители,+ 12 со цел да се насочуваат+ светите, за да служат и да го изградуваат Христовото тело,+ 13 додека сите ние не постигнеме единство во верата и во доброто познавање* на Синот Божји, додека не станеме возрасни+ луѓе, додека не пораснеме до Христовата полнота,+ 14 за повеќе да не бидеме мали деца кои се како фрлани од бранови+ и како да ги носи ваму-таму секој ветар на учењето,+ бидејќи ги слушаат луѓето кои се служат со измама+ и кои лукаво ги доведуваат во заблуда. 15 Туку, зборувајќи ја вистината,+ во сѐ со љубов да пораснеме+ до зрелост за да бидеме како него, кој е глава,+ а тоа е Христос. 16 Од него целото тело+ — на кое сите делови му се складно составени и сложно работат, бидејќи секој зглоб што ги поврзува си ја исполнува својата цел за да може секој поединечен дел соодветно да дејствува — придонесува за својот раст, за да се изградува самото себе во љубов.+
17 Затоа, ова го велам и ве опоменувам во Господарот: немојте повеќе да живеете како што живеат* незнабошците+ во своето празно размислување,+ 18 со замрачен ум+ и отуѓени+ од животот што го дава Бог, поради незнаењето+ што е во нив, поради бесчувствителноста на нивното срце.+ 19 Откако изгубиле секакво чувство за тоа што е чесно,*+ се предале на бесрамни дела+ за лакомо+ да вршат секаква нечистотија.+
20 Но тоа не е во склад со она што го научивте за Христос,+ 21 доколку навистина сте го чуле и сте биле поучени од него+ — според вистината+ за која поучуваше Исус — 22 дека треба да ја соблечете старата личност,+ обликувана според вашиот поранешен начин на живот, која ја расипуваат+ нејзините измамливи желби,+ 23 а да се обновувате во силата што го задвижува вашиот ум+ 24 и да ја облечете+ новата личност,+ која е создадена+ по Божја волја во вистинска праведност+ и верност.
25 Затоа, сега кога сте ја отфрлиле лагата,+ зборувајте ја вистината секој на својот ближен,+ бидејќи сме делови на телото кои си припаѓаат едни на други.+ 26 Ако се гневите, немојте да грешите.+ Сонцето да не зајде, а вие сѐ уште да чувствувате лутина.+ 27 И не давајте му можност на Ѓаволот да дејствува.+ 28 Кој крадел, повеќе да не краде,+ туку да работи марливо, правејќи добро со своите раце,+ за да има да му даде нешто на оној што е во немаштија.+ 29 Никаков лош збор да не излегува од вашата уста,+ туку само оној што е добар, за да ги изградува другите според потребата и да им биде од корист на оние што го слушаат.+ 30 И не жалостете го Божјиот свет дух,+ со кој сте запечатени+ за денот кога ќе ве ослободи откупнината.+
31 Нека се отстрани од вас сета злобна горчина+ и лутина и гнев и викање и навредлив говор+ заедно со сета злоба.+ 32 А бидете милостиви+ еден спрема друг, имајте сомилост,+ спремно простувајќи си еден на друг како што и Бог преку Христос спремно ви прости вам.+