2. Петрово
3 Сакани, ова е веќе второ писмо што ви го пишувам, во кое, како и во првото,+ со потсетување го будам вашиот здрав разум,+ 2 да се сетите на зборовите што ги говореа светите пророци+ и на заповедите кои ви ги даде Господарот* и Спасител преку вашите апостоли.+ 3 Пред сѐ знајте го ова: во последните денови+ ќе се појават потсмевачи,+ кои ќе се потсмеваат, ќе се водат според своите желби+ 4 и ќе велат:+ „Каде е таа негова ветена присутност?*+ Откако умреа* нашите прататковци, сѐ си стои како што било од почетокот на создавањето“.+
5 Зашто, намерно не согледуваат дека од дамнина постоеле небесата+ и дека земјата стоела над водата+ и среде водата+ преку Божјата реч. 6 Со неа тогашниот свет беше уништен кога беше потопен со вода.+ 7 А сегашните небеса+ и земја+ преку истата таа реч се зачувани за оган+ и се чуваат сѐ до денот на судот+ и уништувањето на безбожниците.+
8 Но немојте да го изумите ова, сакани: еден ден кај Јехова е како илјада години, и илјада години се како еден ден.+ 9 Јехова не доцни со исполнувањето на своето ветување,+ како што некои мислат дека доцни, туку е стрплив со вас бидејќи не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание.*+ 10 А Јеховиниот ден+ ќе дојде како крадец.+ Во тој ден небесата брзо ќе поминат+ со татнеж+ и основата, вжарена, ќе се распадне,+ а земјата+ и делата на неа ќе бидат разоткриени.+
11 Бидејќи сето тоа така треба да се распадне, вашите дела нека бидат свети и по нив нека се види дека сте му оддадени на Бог 12 додека го очекувате+ и го имате на ум Јеховиниот ден,*+ кога небесата, запалени, ќе се распаднат+ и основата, вжарена, ќе се растопи. 13 Но според неговото ветување очекуваме нови небеса+ и нова земја+ во кои ќе живее праведноста.+
14 Затоа, сакани, бидејќи го очекувате тоа, дајте сѐ од себе за тој да ве најде неизвалкани+ и неосквернети и во мир.+ 15 А стрпливоста на нашиот Господар сметајте ја за спасение, како што ви напиша и нашиот сакан брат Павле според мудроста+ која му е дадена,+ 16 зборувајќи за ова како што го прави тоа и во сите свои писма. Но во нив има тешко разбирливи мисли, кои неупатените и непостојаните ги извртуваат, како што прават и со останатите делови од Писмото,+ на своја сопствена пропаст.
17 Затоа вие, сакани, бидејќи однапред го знаете тоа,+ чувајте се од тие дрски беззаконици за да не ве одвлечат со својата заблуда и да не ја изгубите својата постојаност.+ 18 А растете во незаслужената доброта и во познавањето на нашиот Господар и Спасител Исус Христос.+ Нему нека му е славата и сега и во сета вечност.+